Уште една неуспешна рунда за нов договор

Стерлинг ги прекина преговорите со Сити, си оди на лето?

Уште една неуспешна рунда преговори меѓу „граѓаните“ и младиот фудбалер. Преговорите запнаа кај платата. Сити е на пат да се откаже од него и да го стави на продажба следното лето.

објавено: 18 септември 2018 - 17:30

Преговорите меѓу Манчестер Сити и Рахим Стерлинг за нов договор се блокирани. Проблемот е со високите барања на фудбалерот за платата која би ја добивал со новиот договор. Двете страни не успеаја да најдат разбирање и голема е веројатноста Сити да ги прекине комплетно преговорите и да го стави фудбалерот на листата за продажба.

Англискиот репрезентативец сака да добие 300.000 фунти неделно или околу 15 милиони годишно. Манчестер Сити, пак, не сака да ги исполни високите финансиски барања на Стерлинг, иако Пеп Гвардиола инсистира на тоа дека играчот треба да остане.

"Нема да криеме дека сме задоволни од Стерлинг и сакаме да остане кај нас. Сакаме да го зачуваме. Мојата желба е тој да потпише нов договор", изјави неодамна менаџерот на „граѓаните".

Тековниот договор на Стерлинг со Сити е до 30 јуни 2020, овозможувајќи разговорите да продолжат барем до крајот на сезоната.

Најново во Меѓународен Фудбал