По многу перипетии

Стерлинг ќе остане во Сити за плата од 300.000 фунти неделно!

Новиот договор ќе му донесе зголемување на платата до 300.000 фунти неделно и ќе го обврзе на верност кон клубот од „Етихад“ уште 5 години.

објавено: 1 ноември 2018 - 18:00

Рахим Стирлинг, наводно, се согласил да го продолжи договорот со Манчестер Сити и ќе остане во тимот уште 5 години - до летото 2023 година, објавија англиските медиуми.

Новиот договор ќе му донесе зголемување на платата до 300.000 фунти неделно, што е сериозен скок во споредба со досегашните "скромни" 180.000. Според предвидувањата, ако неговите приходи и бонуси се додадат тој ќе стане првиот Англичанец кој ќе достигне приходи од над 100 милиони фунти пред да наполни 25 години.

Разговорите со клубот се одвиваат неколку месеци, а сега кога сè е договорено, се очекува договорот да биде објавен за неколку дена. Англискиот репрезентативец беше купен од Ливерпул во 2015-та за 49 милиони фунти и до моментов има 48 гола во 151 натпревар за „Граѓаните“.

Најново во Меѓународен Фудбал