Легендата со своја анализа на тимот на Клоп

Сунес: Овој Ливерпул е најдобриот во последните 30 години!

објавено: 14 септември 2018 - 14:00

Легендата на „црвените" од „Енфилд", Греам Сунес, изјави дека овој Ливерпул на Клоп е најдобриот во последните 30 години. Според него сегашниот состав е најдобар по оној кој за последен пат ја освои титулата во Англија во 1990-та година, а главната причина за тоа е одличната одбрана заштита.

„Ван Дајк донесе голема разлика. Тие велат дека еден играч не може да има толку големо влијание, но тој тоа го стори и сега сите околу него играат подобро. Оваа одбрана на Ливерпул може да доминира во текот на следните 10 години, особено ако голманот е на исто ниво", вели Сунес.

Ливерпул победи на првите четири натпревари досега, но во саботата ќе има сериозен дуел на „Вембли", каде што ќе се сретне со Тотенхем во обид да остане на врвот на табелата.

„Ако имате цврста одбрана, тогаш немате многу примени голови и ја добивате довербата. За мене Ливерпул е силен како што беше кога ја освои Лигата за последен пат. Заедно со Манчестер Сити тие се фаворити во Премиер Лигата, но не можеме да ги отпишуваме Челзи и Манчестер Јунајтед", додаде Сунес.

Најново во Меѓународен Фудбал