НА „СТАРИ ГОДИНИ“ МОЖЕ ДА ЗАРАБОТИ НАЈМНОГУ

Тери има понуда од 12 милиони фунти по сезона

Кинескиот тим на Шенхуа Шангај е подготвен во јануарскиот преоден рок да испрати неодолѓива понуда за капитенот на Челзи

објавено: 11 декември 2016 - 20:44

Легендарниот капитен на Челзи, Џон Тери ја игра последната година од актуелниот договор со тимот од „Стемфорд Бриџ“. Спроед најавите, Тери нема да добие нова соработка, па се очекува 36-годишниот ветеран да бара нова средина.

Дека дефанзивецот уште вреди покажуваат и понудите кои стигнуваат на адреса на лондонскиот тим. Тери е на мета на кинескиот Шенхуа Шангај. Според дел од англиските медиуми, на Тери му се нудат неверојатни 12 милиони фунти по сезона. 

Се очекува официјална понуда да стигне во јануарскиот преоден рок. За Челзи тоа ќе биде последна шанса да добијат некаква пара од заминувањето на Тери. 

Шенхуа Шангај е тим кој има добра соработка со Челзи, бидејќи дресот на овој кинески клуб го носеле некогашните играчи на Челзи, николас Анелка и Дидие Дрогба. Актуелен тренер е Густаво Појет, кој игра играно во Премиерлигата против Тери. 

Најново во Меѓународен Фудбал