АНГЛИСКИТЕ МЕДИУМИ ВЕЌЕ СЕ СИГУРНИ

ТИК-ТАК: Арсенал го одбра наследникот на Венгер

Челниците на Арсенал уште пред официјалната објава за заминувањето на Арсен Венгер се „фрлија“ во потрага по неговата земена. 

објавено: 21 април 2018 - 08:30

Челниците на Арсенал уште пред официјалната објава за заминувањето на Арсен Венгер од клубот по 22 години, се „фрлија" во потрага по неговата земена. Имињата на потенцијалните кандидати како од шега излегуваа низ медиумите, но се чини дека изборот падна на едно име - Луис Енрике. 

Англиските медиуми тврдат дека новиот спортски директор Раул Санлехи веќе имал средба со некогашниот стратег на Барселона со кого се добри пријатели.

„Луис Енрике му треба на Арсенал, и тој сака да работи таму, по година дена одмор е подготвен да се врати. Ја чека вистинската понуда. Енрике ја сака премиерлигата, секогаш сала да игра во Англија. Знае дека таму врската со навивачите е посебна, но и колкаво влијание имаат за време на мечевите“, стои на „Сак Спорт“.

Во текот на вчерашниот ден се појавија голем број на шпекулации, а се споменуваа имињата на Карло Анчелоти, Масимилијано Алегри, Леонардо Жардим...

 

Најново во Меѓународен Фудбал