ИТАЛИЈАНЕЦОТ СЕ ЗАПИША ВО ИСТОРИЈАТА НА ПРЕМИЕР ЛИГАТА

Титула со стил: Раниери го собори рекордот на Мурињо

По долго чекање, Клаудио Раниери конечно ја освои првата шампионска титула во својата кариера и тоа со Лестер, тим без голема историја и успеси во англискиот фудбал.

објавено: 4 мај 2016 - 10:47

Но, ако чекаше толку долго, Раниери го направи тоа со стил. Италијанскиот стручњак беше назначен за менаџер на "лисиците" на 13 јули 2015 година, а титулата, математички, ја освои на 2 мај 2016 година.

На тој начин, Раниери го собори рекордот на Жозе Мурињо кој титулата со Челси во 2005 година ја освои по 332 дена од назначувањето. На актуелниот менаџер на Лестер за тоа му требаа 294 дена.

Најново во Меѓународен Фудбал