Њукасл му ги врати лошите спомени на тимот од Лондон

Топчиите без муниција на гости - Израмнија рекорд стар 93 години

Арсенал ниже само порази на гости, се уште не победил во 2018 години и „топчиите“ ги вратија лошите спомени од 1925 година

објавено: 16 април 2018 - 20:00

Арсенал ниже само порази на гости, се уште не победил во 2018 години и „топчиите" ги вратија лошите спомени од 1925 година. Или точно пред 93 години кога за последен пат на почеток на една година немаа победа на пет меча по ред. 

И вчера гостите од Лондон немаа едоволно муниција за победа против Њукасл, иако поведоа со голот на Лаказет. Перез и Ричи креираа пресврт и најавија нов бурен период во клубот. 

Впечатокот од лошата сезона може да се поправи само со триумф во Европа Лигата и пласман во Лигата на шампионите, но и тука Арсенал ќе има тешка задача. Следен противник во полуфиналето е Атлетико Мадрид, а трката за ЛШ преку Премиерлигата е веќе загубена. 

Најново во Меѓународен Фудбал