ЛОНДОНСКИОТ ТИМ ЈА ОСТВАРИ ЦЕЛТА

Тотенхем го доби Санчез

Тотенхем потврди дека го обезбедиле трансферот на колумбискиот дефанзивец Давинсон Санчез од Ајакс за рекорд на клубот од 42 милиони фунти и сега треба само да се комплетира медицинскиот тест

објавено: 18 август 2017 - 20:00

Централниот бек се договорил за шестгодишен договор и е прво летно засилување на премиерлигашот.

„Возбуден сум што ќе потпишам за толку славен клуб како Тотенхем. Ќе работам со тренерот Маурисио Покетино и би сакал да се заблагодарам на сите кои го овозможија тоа. Посебна благодарност до фановите на Ајакс“, изјави 21-годишниот Санчез.

Со трансферот, Тотенхем го рушат својот рекорд од 30 милиони фунти платени за Њукасл за францускиот играч од средниот ред, Муса Сисоко пред 12 месеци.

Најново во Меѓународен Фудбал