Англискиот тим ќе има само еден сопственик

Усманов сака целосна контрола над Арсенал

Узбекистанецот уплатил една милијарда фунти за откупување на 67 проценти од првиот човек на Арсенал, Стен Кроенк

објавено: 19 мај 2017 - 19:51

Премиерлигашот Арсенал од наредната сезона ќе влезе со далеку поголеми амбиции. Узбекистанецот Алиер Усманов одлучи да ги откупи и преостанатите 67 проценти кои не се во негова сопственост, а уплатената цифра изнесува неверојатни една милијарда фунти. Во моментов, тие проценти му припаѓаат на Стен Кроенк, со кого соработуваше изминативе години, но, Усманов посакува целосна контрола над клубот.

Изминативе години двајцата најдоминантни сопственици на Арсенал се несогласуваа околу политиката на клубот, а Узбекистанецот најавуваше дека Арсенал под негово водство ќе стане еден од најмоќните клубови на планетата.

Дали доколку дојде до оваа очекувана промена на структурите, тоа ќе значи и заминување на Арсен Венгер, сè уште останува непознато.

Најново во Меѓународен Фудбал