Најдобриот играч на Саутемптон оди во Лондон

Ван Дајк доаѓа на местото на Тери во Челзи

Одличниот дефанзивец на „светците" со своите партии го привлече вниманието на многу поголеми клубови, па така по Ливерпул во редот за неговиот потпис застана и Челзи кој е подготвен да плати 50 милиони фунти

објавено: 2 мај 2017 - 10:25

Вирџил ван Дајк е пред сензационален трансфер во Челзи. Англиските медиуми од утрово на големо шпекулираат дека одличниот дефанзивец на Саутемптон од наредната сезона ќе се пресели во редовите на сините од Лондон.

Според нив, Челзи ќе плати околу 50 милиони фунти за услугите на холандскиот дефанзивец.

Лидерот во Премиерлигата, во трката за потписот ги победи Арсенал и Ливерпул, а со овој трансфер, Антонио Конте сака дополнително да ги засили своите редови со оглед на тоа дека Челзи од следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Тој воедно ќе дојде и како замена за легендарниот капитен Џон Тери кој по крајот на оваа сезона ќе си замине од колективот каде што ги оствари најголемите успеси.

Најново во Меѓународен Фудбал