Со пораз од ВБА се простија од шансите за прво место

ВБА го шокира Манчестер јунајтед - Сити слави титула во Премиерлигата

Манчестер сити ја освои титулата во Премиерлигата, а дар добија од најголемиот ривал од Манчестер јунајтед по поразот на „црвените ѓаволи“ од Вест Бромвич Албион

објавено: 15 април 2018 - 18:57

Манчестер сити ја освои титулата во Премиерлигата, а дар добија од најголемиот ривал од Манчестер јунајтед по поразот на „црвените ѓаволи" од Вест Бромвич Албион.

ВБА го шокираше фаворитот на „Олд Трафорд“ победи со 1:0 и ја фати последната сламка за евентуален спас од испаѓање.

Џеј Родригез погоди во 73. минута против непрепознатливиот Манчестер јунајтед и ја направи недостижна разликата со градскито ривал Манчестер сити. Сега на пет кола до крајот Сити има 16 бодови повеќе од Јунајтед и веќе ја слави шампионската круна во Премиерлигата.

Најново во Меѓународен Фудбал