ФРАНЦУСКИОТ СТРАТЕГ ВО СВОЈ СТИЛ

Венгер купи играч од седма лига (Видео)

Ако сега успее да го погоди засилувањето, ќе треба да му кренат споменик. Плати само 40.000 фунти за трансфер на аматер кој во играта го потсетувал на Ешли Кол

објавено: 5 јануари 2017 - 12:47

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер најави дека ќе пазари во јануарскиот преоден рок и навистина е така. Францускиот стратег реши за првото засилување да плати само 40.000 фунти, бидејќи на толку се процени вредноста на играч кој не е професионалец.

Во Арсенал доаѓа Коен Брамал, лев бек од седмолигашот Хеднсфорд Таун. Талентираниот 20-годишен играч потпишува две и пол годишен договор со „топчиите“. Венгер вели дека перформансите на Брамал многу го потсетуваат на еден од најдобрите играчи на оваа позиција. 

„Физичките способности му се неверојатни. Секако дека не е подготвен уште денес да заигра во Премиерлигата, но многу ме потсетува на Ешли Кол“, вели Венгер кој имаше можност да го гледа талентот, кој не е професионален фудбалер. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал