ФРАНЦУЗИНОТ САКА ДА ОСТАНЕ НА РАБОТА ВО АРСЕНАЛ

Венгер: Пензија значи смрт!

„Кога дојдов тука бевме 70 луѓе, а една акција чинеше 400 фунти. Погледнете каде сме сега“ - коментира предводикот на „топџиите“'...

објавено: 2 април 2017 - 12:40

Сеуште никој не се огласи и кажа: останува или си оди... Иако ако се суди според тоа како се однесува во последните неколку седмици, и какви се неговите настапи во јавноста, се чини дека и после оваа сезона Арсен Венгер ќе продолжи со својата тренерска работа во Арсенал. 

Пред се делумно и поРади тоа што медиумите во Англија пред три дена ја пренесоа информацијата дека венгер ја информирал уПравата на „топџиите“ дека е согласен да го продолжи договорот до 2019 година. 

И додека се чека дефинитивниот одговор од другата страна, дали ќе си замине од „Емирејтс“ или ќе остане во Лондон, францускиот стручњак нема намера да се предаде.

„Нема да се пензионирам. пензијата е за младите луѓе. За оние старите значи смрт - умирање“- кажа Венгер во пресрет на 30. коло од премиерлигата во кое неговиот тим го дочекува Манестер Сити. 

Ситуацијата во арсенал е во најмала рака панична кога се во прашање резултатите. Екипата е елиминирана од Лигата на Шампионите, во првенството заостануваат дури 19 бодоови зад лидерот Челзи. И во моментов е надвор од оние места кои водат во Лигата на Европа. Па единствена утеха може да најдат во ФА Купот каде во полуфиналето ќе се сретнат со „граѓаните“.

„Се разбира дека и понатака чувствувам иста глад за победите исто како и тогаш кога дојдов во овој клуб. Меѓутоа сега носам далеку поголем притисок на својот грб отколку пред 20. години. Но гладот и желбата за победи се сеуште подеднакви. Кога ќе видите каде беше клубот кога јас дојдов, а каде е сега, се ви е веројатно јасно. Внимавајте, кога јас дојдов овде работеа 70 луѓе, а денеска ги има 700. Една акција на Арсенал вредеше 400 фунти, денеска пак е со вредност од 18.000 фунти. Само да ви кажам, јас немам ниту една акција“ - призна Французинот на клупата на Арсенал.

До кога ќе седи на неа, ќе попричекаме. 

Најново во Меѓународен Фудбал