ФРАНЦУЗИНОТ САКА ДА ГО ЗАСИЛИ ОФАНЗИВНИОТ РЕД

Венгер подготвил 50 милиони фунти за напаѓач

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер е подготвен и ова лето да потроши голема сума на пари. 

објавено: 13 мај 2017 - 12:32

Фановите на Арсенал му замерија на Арсен Венгер дека е вистински штедливец, бидејќи тој во минатите четири години потроши пари само на две големи засилувања, Санчез и Озил.

 

Сепак, Французинот повторно се одлучи за скапо засилување. Не е тајна дека тој во своите редови го посакува, Алваро Мората и има намера ова лето да го доведе во Арсенал. Мората скоро никогаш не игра во првиот состав на Реал и многу лесно може да се случи да го напушти шпанскиот тим. Неофицијално, Венгер е подготвен да потроши 50 милиони фунти за неговите услуги, понуда којашто Реал тешко ќе ја одбие.

Мората оваа сезона одигра 24 меча во Ла Лига, а постигна 15 гола.

Најново во Меѓународен Фудбал