По 22 години блиску е до заминување

Венгер си оди, ако Арсенал не игра во Лигата на шампионите

Арсен Венгер ќе си замине, а и тимот на Арсенал ќе се менува од корен, ако „топчиите“ не обезбедат настап во Лигата на шампионите. Ова е најава од самиот менаџер на Арсенал, кој е на кормилото на тимот 22 години

објавено: 1 март 2018 - 11:00

Арсен Венгер ќе си замине, а и тимот на Арсенал ќе се менува од корен, ако „топчиите" не обезбедат настап во Лигата на шампионите. Ова е најава од самиот менаџер на Арсенал, кој е на кормилото на тимот 22 години.

Венгер според информациите на британските медиуми ова им го кажал на играчите по поразот од Манчестер сити во Карабао купот. 

Денеска, Арсенал повторно игра со Сити, кој е лидер во Премиерлигата, а ги декласира „топчиите“ со 3:0 пред неполна седмица.

Клубот од Лондон има два фронта пред себе за да се обиде да приреди подвиг и да обезбеди настап во ЛШ. Преку првенството на Англија и со освојување на Европа Лигата. Првата мисија за Венгер и неговите играчи изгледа невозможна, бидејќи имаат 10 бодови помалку од Тотенхем, а шансите за пробив до ЛШ преку Европа Лигата се пореални.

Најново во Меѓународен Фудбал