Се огласи предводникот на Арсенал

Венгер за незадоволството на Санчез: Се почнува и завршува со парите

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер одлучи да стави крај на сите гласини околу напаѓачот од Чиле. 

објавено: 6 јануари 2017 - 09:15

Англиските медиуми веќе долго време пишуваат дека Алексис Санчез е незадоволствен во Арсенал и наскоро ќе го напушти тимот. Тренерот на „топчиите", Арсен Венгер одлучи да стави крај на сите гласини.

„Се почнува и завршува со парите, и тоа дали играчот сака да остане или да си замине. Кога играчот сака да остане, многу е поедноставно да се постигне договор. Алекс Санчез е верен и тој сака да остане во Арсенал. Верувам дека ќе успееме да се договориме. Не се плашиме да потрошиме пари и не се плашиме да покажеме дека ни се потребни играчите", изјави Венгер.

На напаѓачот од Чиле договорот ми истекува за година и пол, и во 2018 година може да замине како слободен играч, доколку успее да најде нов клуб.

Најново во Меѓународен Фудбал