ГОСТИТЕ СЕ ЗАДОВОЛИЈА СО ТОА ШТО ЈА ЗАЧУВАА МРЕЖАТА

Вест Хем и Манчестер јунајтед не си дадоа гол

Лондонскиот и тимот од Манчестер со бледа игра освоија по еден бод

објавено: 10 мај 2018 - 22:37

Обидот за физички напад на Нобл над Погба во 87 минута, беше најинтересното нешто што се случуваше на Олимпискиот стадион во Лондон, во дуелот на Вест Хем и Манчестер јунајтед од претпоследното коло во англиската Премиерлига. Ситуацијата не излезе од контрола, страстите се смирија откако судијата подели жолти картони за највоинствените актери. Средбата заврши без голови, па домашните останаа 15-ти, а гостите втори на табелата.

Манчестер јунајтед по 18-ти пат сезонава заврши меч без примен гол, тие се тим со најдобра одбрана, но имаат 19 бода помалку од градскиот ривал Сити. 

Најново во Меѓународен Фудбал