Импресивен учинок на напаѓачот на Стоук

(Видео) Питер Крауч погоди против Евертон за место во клуб 100 во Премиерлигата

Премкиерлигата го има и 26. стрелец во историјата со 100 погодоци, а меѓу одбраните со гол против Евертон влезе шпицот на Стоук, Питер Крауч

објавено: 2 февруари 2017 - 09:50

Премкиерлигата го има и 26. стрелец во историјата со 100 погодоци, а меѓу одбраните со гол против Евертон влезе шпицот на Стоук, Питер Крауч.

Крауч рутински погоди во седмата минута од мечот меѓу Стоук и Евертон, а прославата беше во негов стил со движење кое симболизира робот.

До стотката високиот напаѓач на Стоук стаса со голлови за шест клубови во најсилната англиска лига. ЗА Астон Вила има постигнато 6 погодоци, потоа следуваше авантурата во Саутемптон со 12 прецизни удари, па преселба во Ливерпул, каде беше стрелец на 22 погодоци, а играше и за Тотенхем, клуб во кој 12 пати ги тресеше противничките мрежи. Сега игра за Стоук, клуб за кој има забележано најмногу погодоци, со вчерашниот против Евертон, точно 37.


Peter Crouch Goal HD - Stoke City 1 - 0 Everton... by GoalReplay

Најново во Меѓународен Фудбал