ФА најави скратување на бројот на странци

Во иднина максимум по 12 странци во Премиерлигашките клубови

ФА испрати предлог до клубовите оваа недела за кој треба да се дискутира понатаму. Бројот на странците од 17 треба да биде намален на 12.

објавено: 13 ноември 2018 - 17:00

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) планира да го намали бројот на играчи кои не се од Велика Британија, а кои имаат право на настап во Премиер лигата. Во иднина, според предлогот, бројката на странци во лигата би се намалила од 17 на 12. Предлогот е испратен до клубовите оваа недела и треба да се дискутира понатаму за негова евентуална примена.

Наместо тековните 17 играчи кои не се од Велика Британија, ФА предложил клубовите да имаат максимум по 12 странци, а притоа, секој странец кој има договор со англиски клуб ќе мора да добие и работна виза. Ако клубовите не се согласат со ФА за намалување на бројот на странци во лигата, играчите од земјите на Европската унија ќе мора да ги исполнат истите критериуми како и оние кои не се фудбалери. Вкупно 13 клубови во Премиер лигата во моментов имаат повеќе од 12 фудбалери кои доаѓаат надвор од Велика Британија.

Најново во Меѓународен Фудбал