СТЕРЛИНГ И СИЛВА ЗА ПРВ ТРИУМФ НА „ГРАЃАНИТЕ“ ВО ПРЕМИЕРЛИГА

ВРАТИ СЕ, ВЕНГЕР: Сити тргна шампионски од „Емирати“! (ВИДЕО)

Комплетирано е денеска првото коло од најсилното англиско фудбалско првенство, со дербито што се одигра на „Емирати" стадионот каде што шампионот Манчестер Сити со 0:2 триумфираше кај Арсенал.

објавено: 12 август 2018 - 21:00

Во првото полувреме „граѓаните" поведоа преку Стерлинг во 14. минута по додавањето на Менди, а конечниот епилог го постави Силва во 64-та мин. после втората асистенција на Менди.

Унаи Емери иако го наследи Арсен Венгер, се соочи со досегашните проблеми на „топчиите" и критиките кои изминатите сезони беа присутни од страна на навивачите.

Во следното коло избраниците на шпанскиот менаџер Пеп Гвардиола ќе го пречекаат Хадерсфилд, а „топчиите" ги чека уште едно дерби на „Стемфорд Бриџ" кај Челзи.

Најново во Меѓународен Фудбал