„Висок напон" е пред Арсенал и неговите верни фанови во наредниот период. Уште е неизвесно дали по уште една разочарувачка сезона Арсен Венгер ќе остане на клупата од клубот од Северниот Лондон.
Она пак што е извесно е дека „топџиите" ќе претрпат големи промени во летниот преоден рок. Па така „Мирор" тврди дека дури шестмина фудбалери на Арсенал ова лето ќе си одат од Лондон.
Меѓу нив и некои од големите звезди во екипа. како на пример, Озил, Вилшер, Жиру, но и Чембрлен, Перез и Оспина.
Поголем дел од нив се незадоволни со моменталната ситуација во клубот, но и со животот во Северен Лондон.
Спроед најавите на овој медиум, нивните места би требало да бидат пополнети со Лаказет од Лион, како и Заха од Кристал Палас.
Но и тоа дека без оглед дали во Арсенал ќе биде стариот, или ќе има нов менаџер, истиот ќе има на располагање дури 220.000.000 евра за засилувања.