На првото место се наоѓа голманот Кепа Аризабалага кој дојде во Челзи како замена за Тибо Куртоа кој пак се пресели во Реал Мадрид.
Досегашниот чувар на мрежата на Атлетик Билбао за 71.6 милиони фунти дојде на „Стемфорд Бриџ" и на тој начин 23-годишниот Шпанец стана најскапиот голман во фудбалската историја.
Само кратко траеше таквиот статус на Алисон Бекер, исто така голман кој за 67 милиони фунти дојде од Рома во Ливерпул. Неговите одлични настапи минатата сезона во Серија А го привлекоа вниманието на Јирген Клоп.
1.Кепа Аризабалага (Атлетик Билбао - Челзи) 71.6 милиони фунти
2.Алисон Бекер (Рома - Ливерпул) 67 милиони фунтии
3.Фред (Шахтјор Доњецк - Манчестер Јунајтед) 61.2 милион фунти
4.Ријад Марез (Лестер - Манчестер Сити) 60 милиони фунти
5.Жоржињо (Наполи - Челзи) 57 милиони фунти
6.Наби Кеита (Лајпциг - Ливерпул) 52.75 милиони фунти
7.Фабињо (Монако - Ливерпул) 43.7 милиони фунти
8.Фелипе Андерсон (Лацио - Вест Хем) 42 милиони фунти
9.Ришарлисон (Ватфорд - Евертон) 40 милиони фунти
10.Јери Мина (Барселона - Евертон) 28.5 милиони фунти