НИ ПОМАЛКУ, НИ ПОВЕЌЕ

ЖЕЛБИТЕ НА БЕКАМ СЕ ГОЛЕМИ: Роналдо и Руни на пат кон Америка?

За две години Дејвид Бекам ќе стане сопственик на фудбалски клуб во Мајами, со што МЛС ќе го добие својот 25. член.

објавено: 26 март 2018 - 13:55

Дејвид Бекам има големи планови во американската прифесионална фудбалска лига, А желба му е прв тренер на тимот да биде никој друг туку Карло Анчелоти, со кого соработуваше во 2013 година како дел од стартниот проект за големиот ПСЖ.

Ако Анчелоти го одбие, тогаш следните на списокот на славниот Англичанец се Зинедин Зидан и Брус Арена.
Секако, освен оној тренерски дел, бекам сака и силен играчки кадар во Мајами.
Би требало да го предводи Кристијано Роналдо, актуелниот освојувач на Златната топка.
Португалецот во неколку наврати споменуваше дека би сакал да заигра во МЛС. За две години ќе има 35, и ако дотогаш не замине за САД, Бекам лесно би можел да го договори за доаѓање по година или две.
Заедно со Роналдо сака да го „спои" и вториот славен Англичанец, Вејн Руни, кој уште од порано порача дека сака кариерата да ја заврши во Америка

Најново во Меѓународен Фудбал