БРЗА НАПЛАТА НА ДОЛГУВАЊАТА

Жозе стана побогат за 15 милиони фунти

Утринава, Португалецот стана од спиење – насмеан...

објавено: 10 јануари 2019 - 19:00

А причината е мошне едноставна, раководството на Манчестер Јунајтед му уплати 15.милиони фунти колку што му следуваше после добиениот отказ во славниот англиски клуб.
Во интервјуто за „Дејли Мејл", Португалецот уште еднаш ги појаснил сите детали од својот договор, и потврдил дека сега му е исплатено се, и дека може да побара нов клуб!
Не е тајна дека мурињо е на мета на Бенфика и на Реал Мадрид, Но пред неколку дена самиот тој изјави дека не брза никаде, и за добивање на ново работно место.
А и зошто би било поинаку кога денеска го доби изводот од банковната сметка на кој се префрлени многу, многу пари...

Најново во Меѓународен Фудбал