ГВАРДИОЛА СО „ГРАЃАНИТЕ“ ГО БРАНИ ПРЕМИЕРЛИГАШКИОТ ТРОФЕЈ

Зошто Премиерлигата е најинтересна: Манчестер Сити и уште пет фаворити за титулата!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола верува дека Манчестер Сити може да биде уште подобар и покрај тоа што лани ја освои Премиерлигата во рекорден стил со точно 100 бодови.

објавено: 10 август 2018 - 12:00

Уште во првото коло дерби за „граѓаните", односно ќе ја започнат одбраната на титулата в недела со почеток од 17:00 часот на „Емирати" стадионот против Арсенал. Гвардиола зборуваше околу шансите на неговиот тим и колку може да биде подобрена играта.

„Секој играч може да биде поединечно подобар, па оној кој може одлично да шутира со десната нога, може истото да го направи и со левата. Кога ќе се подобрите индивидуално ќе го подобрите и тимот. Вие не може да имате совршена игра, тоа не е совршен тим. Секогаш може да има подобрување", вели шпанскиот стратег кој смета дека покрај неговиот тим, во трката за шампионската титула би требало да се најдат уште Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Тотенхем и Ливерпул.

-ЕМЕРИ И ГВАРДИОЛА ЌЕ ГО ОБНОВАТ „РИВАЛСТВОТО", А ШТО ВЕЛИ ТРАДИЦИЈАТА-

Сити е голем фаворит на „Емирати", Унаи Емери кој го наследи Венгер веќе се има сретнато против Гвардиола во периодот од 2008-2012 год., кога двајцата ги водеа Валенсија, односно Барселона. Во 10-те меѓусебни пресметки Емери со Валенсија не триумфирал ниту еднаш против каталонскиот гигант (четири нерешени, шест порази)

-СИТЕ ГИ САКАМЕ ГОЛОВИТЕ, ПОГЛЕДИТЕ НАСОЧЕНИ КОН АГУЕРО И ОБАМЕЈАНГ-

Секако, сите сакаме да има што повеќе голови во текот на мечевите, па се очекува носители во нападот на „топчиите" да бидат Александр Лаказет и Пјер-Емерик Обамејанг, а на спротивната страна Серхио Агуеро и Габриел Жезус.

Аргентинецот Агуеро и овојпат би требало да биде ударна игла за секој ривал, како одлична најава му го донесе првиот трофеј на клубот со двата гола во „Комјунити Шилд" против Челзи. И покрај тоа што неколку пати се соочуваше со повреди, имаше одличен учинок од 21 гол, шест асистенции во 25 лигашки средби.

-ФОРМАЦИИ, МОЖНИ СТАРТНИ 11, ПОВРЕДЕНИ ИГРАЧИ (АРСЕНАЛ-МАНЧЕСТЕР СИТИ)-

„Топчиите" со Унаи Емери би играле формација 4-2-3-1, а „граѓаните" на Гвардиола 4-3-3. Очекуваме еден отворен меч, секако најголемите ѕвезди се во делот на нападот, најистурен бо Арсенал би требало да биде Обамејанг, веднаш зад него Лаказет, Озил и Мхитарјан, а на спротивната страна заеднички ќе напаѓааат Марез, Агуеро и Сане. Нешто поголема е „болницата" кај Сити, повредени се Данило и Мангала, под знак прашалник се Стерлинг и Давид Силва, а кај домаќините Колашинац е повреден, а не е познато дали ќе добијат шанса Ремзи и Монреал.

-КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛ НАЈДОБРИОТ ТИМ ОД 11 ИГРАЧИ НА КРАЈОТ ОД СЕЗОНАТА ВО 2019-

Најново во Меѓународен Фудбал