Се редат сензации на африканскиот Куп на Нации

Ангола го нокаутира Камерун и го фрли на дното на табелата

Репрезентативците на Ангола приредија изненадување и со победа од 1:0 против Камерун си ги зголемија шансите за пласман во завршницата на Африканскиот Куп на Нации

 

објавено: 20 јануари 2018 - 20:50

Репрезентативците на Ангола приредија изненадување и со победа од 1:0 против Камерун си ги зголемија шансите за пласман во завршницата на Африканскиот Куп на Нации.

Џоб од пенал во 30. минута го реши мечот и го „фрли“ фаворитот Камерун на дното од табелата во Д групата. Камерунците имаат два порази од по 0:1 и се на пат да испаднат.

Ангола со 4 бода е лидер на табелата и има реални шанси за пласман во следниот круг. Судбината на Камерун ја доживеа уште еден фаворит, Брегот на Слонова Коска, селекција која е последна во Б групата и веќе испадна од турнирот.

Најново во Меѓународен Фудбал