АМБИЦИОЗНИ НАЈАВИ ОД ТУРЦИЈА

Анталијаспор тргнува по Андреа Пирло и Роналдињо

Амбициозниот турски тим Анталијаспор ќе се обиде во своите редови да донесе две активни фудбалски легенди. Претседателот на клубот, Гултекин Генчер изјавил дека е во преговори со Андреа Пирло и Ронадлињо да го засилат неговиот тим.

објавено: 19 ноември 2015 - 22:51

Италијанецот би дошол во Анталија како позајмен фудбалер од Њурјок сити со оглед на фактот дека е под договор со американскиот тим за кого сезоната во МЛС е веќе завршена. Пирло побарал плата од два милиони евра за осум натпревари, колку што би требало да одигра за Анталијаспор пред да се врати во Њујорк пред почетокот на новата сезона.

Ангажманот на Роналдињо би требало да биде полесен со оглед на фактот дека поранешниот најдобар светски фудбалер беше отпуштен од Флуминенсе и е без договор.

Најново во Меѓународен Фудбал