ТУРКАШ СУДИЈА, СКАПО ЌЕ ПЛАТИШ

Арда ја доби највисоката казна во Турција

Турскиот репрезентативец доби жестока казна поради инцидентот кој го направи на мечот меѓу неговиот Башакшехир и Сивас (1:1)

објавено: 10 мај 2018 - 20:43

Мечот кој практично го откаша Башакшехир од титулата помина со инцидент кој го направи Арда Туран во финишот на мечот. Турчинот се обиде да се пресмета со помошникот поради тоа што сигнализира фаул во напад.
По жестоките протести Арда го турна линискиот судија, а главниот арбитар му покажа директен црвен картон. А денеска стигна казна од Дисциплинската комисија на ФС на Турција.
Арда ќе ги пропушти наредните 16 натпревари, што е највисока казна која е доделена во Турција за црвен картон! Освен тоа ќе мора да плати и 8.000 евра.
Па така Арда освен натпреварите до крајот на сезоната, ќе пропушти и натпревари од почетокот на идната.

Најново во Меѓународен Фудбал