извлечени двојките за полуфиналето

Арсенал - Атлетико како финале пред финале во ЛЕ

Олимпик Марсеј ќе ја има фаворитската улога во двомечот против Салцбург

објавено: 13 април 2018 - 12:15

Арсенал ќе игра против Атлетико Мадрид во полуфиналето на Лигата на европа, беше одлучено на денешната ждрепка во Нион. Англискиот премиерлигаш ќе биде домаќин на првата средба која ќе се игра на 26 април, а реваншот на 3 мај ќе се игра во Мадрид. 

Во втората полуфинална средба ќе играат Олимпик Марсеј и Ред Бул Салцбург, а Французите се домаќини на првата средба. 

Финалето во Лигата на Европа е на 16 мај, во Лион, а победникот ќе обезбеди директно место во Лигата на шампионите за следната сезона. 

Најново во Меѓународен Фудбал