„ТОПЧИИТЕ“ ВЕРУВААТ ВО ПОДОБРО СО НОВИОТ СТРАТЕГ

Арсенал најде замена за Венгер и тоа тренер кој знае како да освојуваат трофеи

Шпанскиот стратег кој изминатава сезона го предводеше ПСЖ до титулата во Франција, сега е пред промоција во лондонскиот тим

објавено: 21 мај 2018 - 22:15

Арсенал е подготвен да го промовира Унаи Емери за нов тренер на лондонскиот тим. „Топчиите“ најверојатно во Емери ќе најдат замена за легендарниот Арсен Венгер, кој си заминува од менаџерското столче и тоа по цели 22 години. 

Емери е тренерот кој сезонава го предводеше Пари Сен Жермен до трофеите во првенството и Купот на Франција, но сепак си замина од таму. Претходно Емери беше на чело на Севилја, а и таму имаше успеси. Со шпанскиот клуб три пати ја освојуваше Лигата на Европа. 

Сега Емери официјалн е без работа, но веќе имал контакти со челниците на Арсенал и се очекува во најскоро време да биде промовиран во човекот кој ќе го наследи легендарниот Венгер. 

Најново во Меѓународен Фудбал