ДЕНЕС Е ПЕТОК 13-ТИ, БРОЈКАТА КОЈА НЕ Е МАЛЕР ЗА СИТЕ

„Баксузната“ 13-ка била среќна за овие спортски ѕвезди

Во Ливерпул и Арсенал не им препорачуваат на играчите да го носат овој број 

објавено: 13 октомври 2017 - 10:40

Број 13 многумина го сметаат за малерозен и фатален. Затоа и во спортот има клубови, но и спортисти кои едноставно го избегнуваат овој број. Во англиските премиерлигаши Ливерпул и Арсенал не сакаат ниту еден нивни играч да го носат овој број на грбот. 

Сепак не секој е суеверен дека тој е несреќен. Низ историјата има спортисти кои блеснале носејќи го токму овој број на својот дрес. Со 13-ка на грбот, од постарата генерација во фудбалот се прославија Герд Милер и Еузебио, додека од поново време овој број на дресот со успех го носеа Алесандро Неста и Михаел Балак. 

Во другите спортови, 13-ката беше среќна за еден од најдобрите кошаркари во историјата, Вилт Чемберлејн, а со овој број играа и Стив Неш и Џејмс Харден.

Во останатите спортови со 13 на грбот беше бејзбол ѕвездата Алекс Родригез, а во НХЛ тој број го носеше Павел Дацук.

Најново во Меѓународен Фудбал