ИГРАЧОТ НИ КРИВ НИ ДОЛЖЕН ДОБИ ИСКЛУЧУВАЊЕ

БАНАЛНО: Играчот кажа како се презива „ШТО“, судијата мислеше дека го зафркава и му даде црвен картон

Фудбалерот Санчез Ват поради своето презиме Watt (во превод „Што“) сериозно одговараше на прашањето на арбитарот, а тој мислеше дека играчот се потсмева со него

објавено: 7 март 2018 - 21:14

Санчез Ват е фудбалер кој има и три настапи за тимот на Арсенал и тоа сите три во Лига Купот. Има и еден погодок за „топчиите“, но сепак не остана во лондонскиот гигант. Ват продолжи да игра во нисколигашки англиски клубови, а неговото презиме сега му создаде проблем. 

Ват игра за тимот на Хемел Хемстед и даде гол во победата од 2:0 против Ист Турк. Поради шутирање на топката, Ват доби жолт картон и тогаш започнаа неговите проблеми. Судијата му даде жолт картон и го запраша да му каже како се вика за да го забележи. 

„Watt (Што)“, одговорил играчот на прашањето на судијата. 

„Повторно те прашувам како се презиваш?“, судијата нервозно го повторил прашањето. 

„Па Watt“,  повторно кажал Санчез. 

„Јас не се шегувам како се презиваш?“, судијата по трет пат прашал.

„Watt, Watt, Watt“, повторувал играчот. 

Судијата мислејќи дека Ват се зафркава со него и дека му го повторува прашањето „Што, што, што“ решил да му покаже црвен картон. Како причина за исклучувањето, судијата запишал, дека играчот имал непочитување. 

Тогаш морало да реагира и Џордан Паркер кој е капитен на тимот на Ват. Паркер му објаснил на судијата дека неговиот соиграч се презива Ват и дека воопшто не се правел улав и не му поставувал прашање „Што?“.

Судијата дури потоа сфатил за каква ситуација се работи и го повлекол црвениот картон. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал