ГОЛЕМА РАЗМЕНА

Барса и Јунајтед го режираат „најлудиот“ летен трансфер

Трансфер кој би можел да предизвика вистински „земјотрес" на фудбалскиот пазар.

објавено: 24 јуни 2018 - 11:00

Станува збор за размена на фудбалери, Барселона е заинтересирана за Пол Погба, уште од периодот кога настапуваше за Јувентус, додека Жозе Мурињо искрено ги цени настапите на хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ.

Може многу лесно токму ова лето двајцата фудбалери да одат во спротивна насока, а тоа го најавуваат англиските и шпанските медиуми.

Минатата сезона Французинот не блескаше во дресот на „црвените ѓаволи", единствено се сеќаваме на неговите поранешни партии.

Се претпоставува дека Барселона би морала да додаде одредена сума пари за да го реализира овој трансфер, бидејќи Хрватот е пет години повозрасен од Погба.

Најново во Меѓународен Фудбал