НА „КАМП НОУ“ ДОАЃА НОВ ИГРАЧ

Барса не сопира: По Кутињо, носи уште една ѕвезда

Освен нападот, мора да се мисли и на дефанзивниот ред

објавено: 7 јануари 2018 - 20:24

Барселона ќе даде 160 милиони евра и во своите редови го доби Филипе Кутињо. Тоа е играчот кој го бараа со месеци, а сега конечно им се исполни желбата. Иако мислијата за Бразилецот е реализирана, каталонскиот гигант не планира да сопре со доведувањето на нови играчи во јануарскиот преоден рок.  

На ред е да се засили и одбраната. Фокусот е кон 195 сантиметри високиот дефанзивец на Бразилскиот Палмеираш, Јери Мина. Се работи за 23-годишен Колумбиец за кој беше планирано да дојде во Барселона по завршување на сезоната. 

Сепак, со заминувањето на Хавиер Маскерано во Кина, се отвора дупка во дефанзивната линија, па Мина треба уште во наредните неколку денови да пристигне во каталонската престолнина. Договорот на дефанзивецот треба да биде до јуни 2022 година.

 

Најново во Меѓународен Фудбал