НИКОЈ НЕ Е КАКО КАТАЛОНЦИТЕ

Барса прв тим во светот со играчи во сите групи од Мундијалот

Вкупно 13 фудбалери на Барселона ќе бидат дел од Светското првенство во Русија

објавено: 5 јуни 2018 - 12:30

Каталонскиот гигант Барселона стана првиот тим во историјата на Светските првенства, што ќе има барем по еден играч во сите осум групи од планетарниот собир. Вкупно 13 фудбалери кои играат на „Камп Ноу“ ќе бидат дел од Мундијалот кој започнува за помалку од 10 дена. 

Еве како изгледа Барселона преставена по репрезентациите во групната фаза од СП 2018:

Група А: Луис Суарез (Уругвај)

Група Б:  Жерар Пике, Серхио Бускетс, Жорди Алба (Шпанија)

Група Ц: Самуел Умтити и Усман Дембеле (Франција)

Група Д: Лионел Меси (Аргентина) и Иван Ракитиќ (Хрватска)

Група Е: Филипе Кутињо и Паулињо (Барселона)

Група Ф: Марк Андре тер-Штеген (Германија)

Група Г: Томас Вермален (Белгија)

Група Х: Јери Мина (Колумбија).

Најново во Меѓународен Фудбал