УБЕДЛИВИ КАТАЛОНЦИТЕ ВО МЕЧОТ ЗА ТРОФЕЈОТ „ЖОАН ГАМПЕР“

БАРСА СПРЕМНА ЗА ТИТУЛИ: Меси и Бразилците ја „растурија“ Бока Јуниорс! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона ја совладаа екипата на Бока Јуниорс со 3:0 во мечот за трофејот „Жоан Гампер"

објавено: 16 август 2018 - 09:30

Избраниците на Валверде поведоа со голот на новајлијата Малколм кој во 22. минута со еден убав потег го исфрли противничкиот играч, си направи простор, и откосо од левата страна го совлада голманот на аргентинската екипа.

Новиот капитен Меси ја зголеми позитивата во 17. минута кога помина во еден карактеристичен стил, имаше и малку среќа, топката се одби до него и на еден прекрасен начин го лобуваше голманот на Бока за нова радост на на навивачите на „Камп Ноу".

Уште еден Бразилец се запиша во листата на стрелците, Рафиња во 67. минута го постави конечниот епилог.

Така, Каталонците имаа успешна „генералка" пред првиот меч во новата сезона од шпанската Примера, в сабота од 22:15 часот ќе ги одмерат силите против Алавес.

Најново во Меѓународен Фудбал