ЕДЕН ОД РИВАЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ

Барсегјан ја спаси Ерменија! (ВИДЕО)

Ерменија ја прекина негативната серија на резултати во 2018. година, четири меча по ред не знаеше за триумф се до денешниот прв дуел во новото УЕФА натпреварување.

објавено: 6 септември 2018 - 19:55

Ова е практично прва победа годинава за нив, многу потешко од очекувањата денеска во последната Лига Д на стартот пред своите гледачи со резултат 2:1 го совладаа „аутсајдерот" Лихтенштајн.

Најпрвин домаќините дојдоа во водство преку Пицели во 31-та мин., а само 120 секунди подоцна примија гол отккао нивната мрежа беше затресена од страна на Волфингер за шок на трибините.

Во второто полувреме избраниците на селекторот Минасјан имаа шанса да дојдат до нова предност во 69-та мин., но но непрецизен од пенал беше фудбалерот на Арсенал, Мхитарјан.

Спасот дојде во 76. мин. кога Барсегјан, играчот на Вардар ја донесе победата, прва во рамките од групата 4. Барсегјан влезе во игра од 55. минута како замена за Јаган. Претходно во 74. мин. гостите останаа без еден фудбалер на теренот поради втор жолт картон на Полверино.

Токму Ерменците се следни наши противници, против нив Македонија ќе се сретне на 9. септември (недела) со почеток од 18:00 часот на „Филип Втори" Арената.

Најново во Меѓународен Фудбал