ЌЕ ЈА ПРЕКИНЕ ЛИ ЛОШАТА СЕРИЈА ВЕЧЕРА?

Барселона 12 години чека победа против Челзи

Во последните осум меѓусебни меча, англискиот тим има две победи и шест нерешени 

објавено: 14 март 2018 - 16:50

Барселона ја има фаворитската улога против Челзи, пред вечерашниот дуел на „Камп Ноу“, во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант има позитивни 1:1 од гостувањето во Лондон и сега на свој терен може да одигра и без погодоци, за да оди понатаму.

Сепак, статистиката покажува дека традицијата е на страна на Челзи. Во последните осум меѓусебни дуели англискиот тим нема ниту еден пораз од Барселона. Во средбите кои ги одиграа во изминатава декада, Челзи се радуваше на две победи, а шест меча завршиле нерешено. Барселона нема ниту еден триумф. Последен пат каталонците се радувале против Челзи во февруари 2006 година и тоа на гостински терен. 

„Челзи е опасен противник, посебно во дефанзивата. Англискиот тим има хомоген состав. се надевам дека ќе бидеме на посакуваното ниво и дека ќе поминеме понатаму. Имаме големи шанси, па ќе видиме како ќе биде“, рече тренерот на Барселона, Ернесто Валверде пред денешниот реванш. 

Вкупно овие две екипи одиграле 13 меча. Челзи има четири победи, Барса се радувала три пати, а шест дуели завршиле нерешено. Интересно е што гол разликата е идентична 19-19, што само потврдува дека треба да се очекува неизвесен дуел вечерва на „Камп Ноу“. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал