НЕМААТ ЗОШТО ДА СЕ ГРИЖАТ ЗА ИДНИНАТА

Барселона ја освои Лигата на шампиони, ама во младинска конкуренција

Каталонскиот тим до трофејот стигна без ниту еден пораз

објавено: 23 април 2018 - 21:15

Екипата на Барселона е нов европски клупски првак, но во младинска категорија. Во финалето на ова натпреварување, каталонскиот тим без поголеми проблеми со 3:0 го победи Челзи. 

Интересно е што Барселона до трофејот стигна без ниту еден пораз. Во групната фаза забележа пет победи и едно реми, а потоа во нокаут фазата ги елиминираше ПСЖ (1:0), Атлетико Мадрид (2:0), Манчестер Сити (5:4) и во финалето славеа против Челзи со 3:0.

За јуниорите на Барселона ова е втора европска круна, повторувајќи го успехот од 2014 година.  

Најново во Меѓународен Фудбал