КАТАЛОНЦИТЕ ПОВТОРНО „УДРИЈА“ ПО СУДИИТЕ

Барселона „плаче“ за два пенали против Атлетико, проценете дали беа (Видео)

Синоќешното дерби во шпанската Примера заврши без победник, откако мечот заврши 1:1

објавено: 15 октомври 2017 - 18:35

Барселона ја прекина перфектната низа во шпанското првенство, откако синоќа одигра 1:1 на гости во Мадрид, против Атлетико. Каталонскиот гигант бидеше со 0:1, но во вториот дел израмни, а имаше и шанси за целосен пресврт. Сепак на крајот двете екипи освоија по еден бод во дербито од осмото коло. 

За време на мечот, гостите од Барселона се жалеа на две спорни ситуации. Тие сметаа дека се оштетени и дека судијата требало да досуди пенал во нивна корист. 

Во првата ситуација Габи го фаулираше Лионел Меси кој беше во соло акција, но судијата не покажа на белата точка. Втората сомнителна ситуација беше во 61 минута, кога топката удри во раката на Стефан Савиќ, а арбитарот покажа дека се работело за ненамерно играње со рака и затоа немаше удар од 11 метри за гостите. 

Проценете самите дали судијата беше во право во двете ситуации.

Најново во Меѓународен Фудбал