ГОЛЕМИ НАВИВАЧКИ НЕРЕДИ СО ТРАГИЧЕН КРАЈ

Баскиците и Русите дивееа во Билбао, полицаец почина (Видео)

Улиците на шпанскиот град беа претворени во бојно поле

објавено: 23 февруари 2018 - 08:00

Хулиганите на Атлетик Билбао и Спартак Москва беа во центарот на вниманието пред синоќешниот меч од Лигата на Европа. Руските хулигани кои се познати како најпроблематични, и овојпат покажаа дека каде и да гостуваат има нереди. 

На улиците пред стадионот „Сан Мамеш“ хулиганите на двата тима се степаа, а од двете страни беше нападната и полицијата. Во нередите, еден член на Баскиската цивилна полиција добил срцев удар, а подоцна починал во болница. 

Во текот на тепачката користени се шишиња, камења, но и факели, како и огномет. Четворица навивачи, од кои тројца Руси се повредени, а петмина се уапсени.

Најново во Меѓународен Фудбал