ОДИ ПРОБАЈ, БИЛ СОВЕТОТ ОД ЛЕГЕНДАРНИОТ ФУДБАЛЕР

Бекам има заслуга за заминувањето на Ибрахимовиќ во ЛА Галакси

Златан Ибрахимовиќ во интервју за МЛС открива дека некогашниот соиграч Дејвид Бекам го убедил дека преселбата во ЛА Галакси е добар потег во неговата кариера.

објавено: 26 март 2018 - 16:00

Златан Ибрахимовиќ октри дека клучната улога за неговиот трансфер од Манчестер Јунајтед во ЛА Галакси имач неговиот некогашен соиграч од ПСЖ, Дејвид Бекам.

Швеѓанецот во четвртокот официјално потврди дека го напушта „Олд Трафорд" и се сели во Лос Анџелес, каде кариерата ќе ја продолжи во Галакси.

„Дејвид Бекам го запознав кога играв во ПСЖ, многу збореше за Галакси, искуството кое го имал во Америка, беше среќен. Ми збореше: Оди, пробај, играј. Рече дека е фантастично и дека тој е горд", откри Ибрахимовиќ, кој во дресот на ЛА Галакси ќе ја заработува најмалата плата во неговата кариера.

Најново во Меѓународен Фудбал