ДОВОЛНО ИМ БЕШЕ САМО ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ

Белгија покажа зошто е меѓу главните фаворити на Мундијалот

„Црвените ѓаволи“ со 3:0 славеа против Панама. Сите три погодоци беа дадени во второто полувреме

објавено: 18 јуни 2018 - 19:08

Белгиската фудбалска репрезентација покажа зошто е меѓу главните фаворити за највисок пласман на Светското првенство во Русија. Во првото коло на Мундијалот, Белгија лесно со 3:0 славеше против Панама. Интересно е што сите три гола беа дадени во второто полувреме, но и кога резултатот беше 0:0, се гледаше доминацијата на фаворитот на теренот. 

Панама се одбрани во првите 45 минута, а на стартот од второто полувреме Мертенс со еврогол го отвори резултатот и донесе предност за фаворитот. Да нема дилема за тоа кој ќе ги освои трите бода се погрижи Ромелу Лукаку. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед погоди во 69 и 75 минута за сигурни 3:0 и победа на „црвените ѓаволи“. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал