Веќе познато е дека „ѓаволите“ нема да може на првенството да сметаат на Винсент Компани, но најновите информации на селекторот му задаваат нови главоболки - за Белгија нема да може да играат уште двајца стопери. Се работи за искусниот 31-годишен Николас Ломбартс, како и младиот Дедрик Бојате.
Единствени стопери на располагање засега се Вертонген и Вермален.