ПОТВРДА ОД СЕЛЕКТОРОТ МАРТИНЕЗ

Белгијците во проблеми пред мечот со Англија

Триото Ромелу Лукаку, Еден Азар и Дрис Мертенс се здобија со повреди...

објавено: 24 јуни 2018 - 10:30

Селекторот на белгиската репрезентација после високиот триумф од 5:2 денеска против Тунис, на прес-конференцијата најави можни промени во составот пред последниот дуел против Англија во групната фаза на СП.

„Имаме тројца важни играчи кои ни се под знак прашалник за мечот против Англија. Азар со телесна повреда, Мертенс го мачи глуждот, а секако вниманието е насочено и кон Лукаку поради ситуацијата со неговиот зглобен лигамент. Ќе видиме што ќе одлучат од медицинскиот тим во наредните 48 часа", рече Мартинез, селекторот на Белгија.

На табелата во групата Г води Белгија со шест бодови, пред Англија која има три, но и меч помалку кој треба да го одигра в недела против Панама која заедно со Тунис немаат ниту еден бод досега на Мундијалот.

Белгијците се веќе обезбедени во осминафиналето, па останува да се види дали селекторот ќе ризикува со споменатото трио во последното коло против „Гордиот Албион".

Најново во Меѓународен Фудбал