ПО ДЕРБИТО ЦРВЕНА ЗВЕЗДА - ПАРТИЗАН

Белградските хулигани добија необична закана!

Навивачките нереди и прекините повторно го одбележаа вечното дерби

објавено: 16 април 2018 - 09:30

Кога играат Звезда и Партизан, често пати знае да се случи резултатот да биде во втор план. Така беше и на последниот нивни меѓусебен дуел. Црвена Звезда победи со 2:0, но нередите и тепањето беа главни на дербито. 

На крајот, билансот е неколку повредени, меѓу кои и невини деца. Токму една мајка на недолжно повредено дете во нередите на Западната трибина. Детето било погодено со столица во главата и завршило во болница.

„Маж ми го однесе детето да го гледа мечот и тоа на Западната трибина, но тогаш се случи да биде погоден со стол во главата. Ќе добиете тужба како никогаш досега. Детето да ми отиде на фудбал да гледа и да заврши во болница. Срам да ви е, нема да поминете така лесно. Ќе ве гонам со пеколот и назад“, напиша една загрижена мајка под фотографијата на сајтот на Црвена Звезда.

Најново во Меѓународен Фудбал