НЕКОГАШНИОТ БУГАРСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПРИЗНАВА

Бербатов: Мафијата ме тераше да потпишам за друг клуб

Еден од најдобрите бугарски напаѓачи на сите времиња Димитар Бербатов бил речиси киднапиран од најголемиот бугарски мафијаш и тоа на почетокот на кариерата, додека бил во ЦСКА Софија.

објавено: 14 септември 2018 - 23:00

Тоа поранешниот напаѓач на Баер, Манчестер јунајтед и Тотенхем го откри во интервју за британското списание „Фор фор ту". Meѓу другото тој кажа детали од случката во младите години.

Тоа можам да го наречам киднапирање. Тоа беше многу збунувачка ситуација и застрашувачка, бидејќи бев многу млад (17 години). Доцна во ноќта ме однесоа на непознато место. Не знаев каде сум. Тоа го направија затоа што сакаа да потпишам со друг бугарски клуб. Станува збор за можеби најголемиот бугарски мафијаш. Во Бугарија се случуваа такви работи. Чув како некој подвикнува: 'Донесете го'. Таму стоеше еден тип, кој зборуваше простотии, а многу работи не ни слушнав. Само си мислев: 'Што е ова, поѓаволите, што е ова? Каде сум? Што се случува? Некој нека ми помогне". Потоа вртеше по некои телефони и на крај ме пуштија. Избегав неповреден, но беше застрашувачки", изјави Бербатов.

Оваа приказна е позната, а иако Бербатов не кажа имиња на личности, се зборува дека човекот кој стои зад ова „киднапирање" бил Георги Илиев, тогашниот сопственик на Локомотив Пловдив кој практикувал сите бугарски талентирани играчи да му се приклучат на неговиот клуб. Набргу потоа Бербатов ја напушти Бугарија во насока на Баер Леверкузен.

Најново во Меѓународен Фудбал