САМО ЗА ЈУВЕНТУС СУДИИТЕ ВАКА МОЖЕ ДА СЕ ИЗБЛАМИРААТ

Беше досуден пенал за Фиорентина, па арбитарот измисли оф-сајд и го спаси Јувентус (Видео)

По првиот дел од мечот во Фиренца резултатот е 0:0, а спорниот момент е срам за судијата

објавено: 9 февруари 2018 - 21:56

И повторена ТВ снимка беше воведена во Италија, но скандалозните судиски одлуки останаа. На дуелот Фиорентина - Јувентус, домаќините беа оштетени и тоа на неверојатен начин. 

Во 18 минута, домаќините беа во напад, Бенаси центрираше во шеснаесетникот на Јувентус, каде Кјелини играше со рака. Судијата Марко Гуида досуди пенал за Фиорентина. Играчите на гостите протестираа, додека Џордан Веретур ја намести топката на белата точка.

Сепак, судијата не можеше да даде знак да биде изведен пеналот, бидејќи играчите на Јувентус не сакаа да излезат од шеснаесетникот. Потоа, судијата, на изненадување на сите на стадионот, реши да го поништи пеналот и да досуди офсајд, кој кога ќе се погледне на повторената снимка, воопшто го немаше.  

Повторно Јувентус беше „заштитен“ и тоа благодарение на една неверојатна судиска грешка, бидејќи на снимката добро се гледа дека при враќањето на топката, последен играше фудбалер на Јувентус, што значи дека не може да има недозволена позиција, поради која и пеналот беше поништен.  

Најново во Меѓународен Фудбал