ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ОД НАЈГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКИОТ ФУДБАЛ

Беше обичен дуел, Чустиќ заврши во ѕидот покрај теренот, a потоа згасна неговиот живот

„Тоа ми беше првиот меч во сениорскиот тим за Цибалија. Бевме во дуел, не беше досуден ниту фаул. Кога и да поминам во Задар, застанувам и палам свеќа во чест и сеќавање на Хрвоје, рече играчот кој беше во кобниот дуел со Чустиќ

објавено: 29 март 2018 - 12:15

На денешен ден пред точно 10 години се случи една од најголемите трагедии во регионот, а секако најголема фудбалска во Хрватска. На фудбалскиот терен почина 24-годишниот играч на задар, Хрвоје Чустиќ. За разлика од многуте останати смртни случаи кои биле на терен, Чустиќ немаше никаков здравствен проблем. 

На мечот на Задар против Цибалија, по еден дуел со противнички играч, несреќниот Хрвоје падна и со главата удри во бетонскиот столб кој од трибината, кој е на само два метри од аут линијата. Томислав Јуриќ кој беше во дуел со Чустиќ се сеќава на трагичниот момент. 

„Тоа ми беше првиот меч во сениорскиот тим за Цибалија. Сè се случи во четвртата минута. Бевме во дуел, немаше никаква намера, не беше досуден ниту фаул. Кога и да поминам во Задар, застанувам, одам на неговиот гроб и палам свеќа во чест и сеќавање на Хрвоје, пред неколку години рече Јуриќ.

По падот, Чустиќ се здоби со тешки повреди на главата и веднаш беше пренесен во болница. Уште истиот ден беше опериран. Лекарите прогнозираа дека ќе се оборави, но сепак работите нагло се влошија и на 3 април, Чустиќ почина во болницата. 

По таа трагедија, беше решено ѕидот кој е покрај аут линијата да биде обложен со сунгери. Хрватската федерација не исплати ниту едно евро на семејството на Чустиќ и никој не одговараше за оваа трагедија. Во чест на Хрвоје, една улица во Задар го носи неговото име. 

Трагедијата од пред 10 години засекогаш ќе остане запаметена, како една од најстрашните во фудбалската историја на овие простори. 

Најново во Меѓународен Фудбал