Легендата на спринтот почна да ги тресе мрежите

Болт знае да дава и голови, па и по два на натпревар (ВИДЕО)

објавено: 12 октомври 2018 - 14:02

Усеин Болт, конечно, во својата професионална фудбалска кариера почна да постигнува и голови. Осумкратниот олимписки шампион како член на австралискиот тим Централ Коуст Маринерс, синоќа ги имаше своите блескави моменти во дресот на тимот, постигнувајќи ги своите два првенци.

Иако се реши за мала пауза во кариерата која траеше две недели, Болт се врати на зелениот терен и блесна со два гола во победата на неговиот тим на средбата против Саут Вест Јунајтед.   

Најново во Меѓународен Фудбал